Петнаесетгодишна тинејџерка која минатиот петок тешко настрада во срашна сообраќајна несреќа во Булинац кај Бјеловар, за жал почина, објавија хрватските медиуми.
За потсетување, тројца тинејџери на квад, без кациги и без дозвола, при кривина удриле во насипот поради пребрзо возење, слетале во канал од патот и удриле во блискиот бетонски мост. Сите деца се здобиле со тешки повреди на главата и завршиле на одделението за интензивна нега.
Во најкритична состојба беше 15-годишното девојче кое денеска им подлегна на повредите.
БЕШЕ ВО КОМА
На почетокот на неделата медиумите од Општата болница во Бјеловар дознаа дека на тинејџерката по несреќата веднаш и бил загрозен животот и дека по примената во болница била на вентилатор и во индуцирана кома.
Од болницата велат дека другите две деца се стабилни.