Денес по кратко боледување во Битола на 77 годишна возраст почина професор д-р Душан Ристовски, поранешен професор и директор на Пегагошкиот факултет во Битола, како и проректор на УКЛО Битола.

Професор д-р Душан Ристовски е роден 1948 година, во Битола. Основно училиште завршува во ОУ „Тодор Ангелевски“. Завршува гимназија „Браќа Миладиновци“ – фискултурна паралелка во Битола и Виша школа за физичка култура во Скопје. Своето високо образование го завршува на Факултетот за физичка култура во Белград. На истиот факултет, при Белградскиот универзитет магистрира во 1982 година. Во 1992 година докторира на Факултетот за физичка култура во Скопје.

Од 1972 – 1979 година бев наставник по физичко образование во селата Цапари, Рамна и Ѓавато. Од 1979, работи како асистент на Факултетот за физичка култура во Скопје по предметот Методика на физичко образование а од 1987 до 1995 година работи на Педагошката академија во звање професор по Методика на наставата по физичко образование и Методика на физичко воспитание. Во 1994 година директор на Педагошка академија. Педагошката академија прераснува во Педагошки факултет каде е од основањето како професор и ВД декан, што значи е еден од основачите на оваа високо-образовна установа. Во звање вонреден професор е избран во 1995 година, а во 2000 година е избран во звање редовен професор. ВД декан на Педагошкиот факултет од 1995-1996 година, а од 1997 до 1999 година е Проректор за настава на Битолскиот универзитет. Меѓувремено е ангажиран и како надворешен професор на Педагошката академија и Педагошкиот факултет во Скопје.

Loading...

Проф. д-р Душко Ристовски по потекло е од фамилијата Дракуловци-Ристевци, од Лазарорполе, на што беше посебно горд, а како “стар лазоровец“ таму, најгоре, престојуваше поголем дел од годината со најголем мерак.

Седеше стотина дена на терасата од нивната мала куќа каде се опушташе, со уживање гледајќи на зелените ливади, широката висорамнина која се простира, на која пасат диви коњи, во неговите внуци кои со други деца играат на игралиштето пред куќата кои го уредуваше заедно со комшиите.

Loading...