Билборд на кој странскиот инвеститор Van Hool бара работници во Македонија е снимен вечерва од редакцијата на 24 Инфо.
Van Hool е производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Ван Хоол Македонија е лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик.
Инвеститоторот има постојано отворен повик за вработувања од разни професии. Работодавачите во Македонија постојано се жалат дека има недостиг на работници, но реално платите што ги нудат не се примамливи.