На 64-годишна возраст почина Милош Стојисављевиќ, генерален директор на компаниите „Књаз Милош“.
„Шеф, татко, пријател, ментор, басист, моторџија, морнар, господин, легенда. Еден и единствен, неповторлив и безвременски, наш, Милош Књаз Милош“, напиша компанијата во објавата на LinkedIn.
Стојисављевиќ имал повеќедецениско работно искуство на извршни позиции во бизнисот со стоки за широка потрошувачка, како и работа во мултинационални компании.
Тој ја предводеше трансформацијата на семејниот бизнис во корпоративно структурирана компанија. Тој е основач и виш советник на компанијата „G2M Efficiency“, каде што беше фокусиран на оптимизација на продажбата и дистрибуцијата, како и на подобрување на целокупното корпоративно управување за компаниите „Нектар“ (Србија) и „Фруктал“ (Словенија и Македонија).
Стојисављевиќ претходно работеше како директор за продажба за Западен Балкан во PepsiCo International и директор за продажба во Marbo Product.
На пошироката јавност и е познат и како успешен музичар. Беше член на групата „Генерација 5“, но во текот на кариерата соработуваше со други биг бендови и изведувачи на српската рок сцена.