Поранешниот фудбалски репрезентативец на Бразил, Зе Карлос почина на 56-годишна возраст, објави неговиот поранешен клуб Сао Пауло.

Клубот не ја откри причината за смрта, но се шпекулира дека станува збор за срцев удар.

Во текот на кариерата настапуваше за бројни клубови во Бразил, а забележа и еден настап за бразилската репрезентација, интересно во полуфиналето на Светското првенство во 1998 година кога се појави како замена за Флавио Концеисао.

Настапи само во полуфиналето против Холандија, а подоцна не доби друг повик за јужноамериканската држава.