На 85-годишна возраст синоќа во Скопје почина Лазар Лечиќ, еден од најистакнатите македонски кошаркарски работници во историјата на Југославија и на независна Македонија. Лечиќ беше истакнат тренер, и остави длабока трага во кошарката на овие простори, поставувајќи ги темелите на кошарката од осамостојувањето на Македонија.
Кариерата ја почнува во Работнички, а потоа станува тренер на оваа екипа која ја водеше на неколку пати. Најпрво од 1962 до 1972 година, па потоа од 1975 до 1968, а работеше и во МЗТ, Никол Ферт, беше тренер и надвор од Македонија, во Борац Чачак, Олимпија Љубљана, Војводина, Арис. Беше дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација која во 1970 ја освои светската шампионска титула.
Во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“.
Погребот на Лечиќ ќе биде утре 14. август на гробиштата Бутел. Телото на Лечиќ ќе биде изложено во капелата од 10:30 до 11:30 часот.