J.С., мајката на повредените девојчиња за жал починала поради повредите со кои се здобила во тешка сообраќајна несреќа на патот за Бачки Петровац во соседна Србија.

– Двајца пациенти се донесени во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар во Војводина по повреди здобиени во сообраќајна незгода. Пациентот J.Ж. (36), бил примен со тешки политрауматски телесни повреди, по целосна дијагностика и лекарска помош е задржан на болничко лекување. Пациентката Ј.С.(38) била примена со тешки физички повреди, но и покрај напорите на лекарите, таа починала во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар Војводина – соопшти УКЦВ.

За потсетување, во оваа несреќа повредени се и сопругот на починатата жена, како и три деца.

– Три девојчиња на возраст од 10, 9 и 7 години веднаш по несреќата се пренесени во Детската болница, со тоа што две од девојчињата се здобиле со тешки физички повреди, а едното преживеало со полесни повреди, но задржано е во болницата за подетални прегледи – вели изворот.

Да потсетиме, во тешката сообраќајна несреќа што се случи на влезот во Бачки Петровац од правец на Нови Сад, меѓу повредените има и деца кои се наоѓале на задното седиште во автомобил Фиат мултипла.

Како што јави 192.rs, жената која се наоѓала на возачкото седиште во Фиатот билс тешко повредена, пожарникарите го исекле возилото за да дојдат до патниците.

Несреќата се случила на влезот во Бачки Петровац од правец на Нови Сад, а двата автомобили кои учествувале во судирот се згмечени до непрепознатливост.