На 47 годишна возраст по долги и тешки здравствени компликации, почина новинарот Саше Димовски.
Во јавноста беше познат во однос на следењето на случувањата во правосудниот систем.
Беше Претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на Гордана Сиљановска Давкова.
Работниот век го помина во Канал 5, Сител, Алфа ТВ, а беше основач на „Сведок.мк“.
Беше и долгогодишен соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството и автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.
Погребот ќе се изврши во среда, 7.8.2024, на новите Градски гробишта во Велес.