Почина Владимир Жириновски, шеф на Либерално-демократската партија во Русија.

Вјачеслав Володин, претседател Долниот дом на рускиот парламент, на пленарната средба соопшти дека Жириновски починал.

„По долго и тешко боледување, почина Владимир Жириновски“, рече Володин.

На Жириновски (75) му беше дијагностициран КОВИД-19 и се лекувал во болницата во која беше однесен во Москва од 2 февруари.

Изјавата на Жириновски од 27-ми декември собори рекорди на социјалните мрежи

Веднаш по руската инвазија, на социјалните мрежи почна да се споделува говор на Владимир Жириновски, лидерот на руската Либерално-демократска партија.

Во својот говор на 27 декември минатата година, Жириновски му се обрати на Западот и истакна дека Москва треба да ги прифати нејзините предлози.

Во спротивно, „ќе дознаете за нашиот распоред на 22 февруари во 4 часот наутро“, рече рускиот политичар.

Со оваа изјава повторно на дневен ред, се толкува дека Жириновски пред месеци ги знаел можните чекори што Путин ќе ги преземе.