Српската актерка Јелена Чворовиќ Пауновиќ почина на 75-годишна возраст, а публиката ќе ја памети по нејзиниот многу специфичен растурен глас и цитатите од легендарните серии „Семејно богатство“ и „Среќни луѓе“ кои се емитуваат и денес.
Тажната вест ја потврдила нејзината ќерка која јавно се простила од мајка си, јавуваат белградските медиуми.
Јелена Чворовиќ Пауновиќ, која е родена во Бајина Башта, а живеела и работела во Белград, дипломирала глума на белградскиот Факултет за драмски уметности во 1972 година во класата на професорот Миленко Маричиќ.
Позната е, пред сè, како Нина од „Отпишано“, Зорка од „Семејно богатство“, Жаклина од „Среќни луѓе“ и Танкосава Тасиќ од „Бела Лаѓа“.
Таа играше во многу претстави, како „Слепило на кокошката“, „Самоубиство“ и „Балкон“, а вниманието на публиката го привлече со својот необичен и оригинален начин на создавање на ликовите што ги толкуваше.