Тажната вест ја споделија од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“.

„Допревте толку многу животи во вашиот живот, а вашите добри дела ќе живеат и после вас. Д-р Мира Аџиќ била легенда на македонското здравство, основоположник на палијативата во нашата држава, жена која била во функција на директор повеќе од 20 години во нашата здравствена установа.

Замина уште една легенда на македонското здравство, замина токму во хосписот во Скопје. Ни беше чест да бидеме дел од нејзиниот живот. Длабоко сочувство до семејството, роднините и соработниците. Почивај во мир, Вечен помен наша Мира Аџиќ“, стои во нивната објава на социјалните мрежи.