Почина проф.д-р Миле Димитровски,
редовен професор на Машинскиот факултет во пензија, доајен на научната мисла во машинството во Македонија.

Беше активен во социјалниот и општествен живот во Македонија. Бил раководител на лабораторијата за мотори и автор на многу научни и стручни трудови и книги.

Бил основач и претседател на Комората на овлатени инженери на Македонија. Погребот ќе се одржи на 30 април на гробиштата Бутел.