Пејачот и натпреварувач на шоуто „Никогаш не е доцна“, Ибрахим Хајрадиновиќ Ибро, почина денеска на 60-годишна возраст.
Неговите пријатели ја потврдија оваа ненадејна смрт за Гранд онлајн, истакнувајќи дека тој се борел како лав една година по операцијата на панкреасот.
– Се бореше со сите сили до крај, но за жал не издржа – изјавиле и додале дека во вторник ќе биде испратен на вечно почивање, пренесува српски Курир.
По неговата смрт, српските медиуми на површина го извадија неговото последно интервју.
Ибро остави силен впечаток со својата конкуренција во шоуто „Никогаш не е доцна“ и доби пофалби од жирито.
Во едно од своите последни интервјуа, пејачот изјави дека не успеал да направи кариера поради својот порок. Имено, Ибро признал дека сакал да се коцка и дека тоа многу му пречело во животот, пренесува Курир.
Ибрахим вели дека добро го познавал покојниот Шабан Шаулиќ, а извесен период дури и живеел со него. Шабан се обидел и да го натера Ибрахим да престане со коцкањето, но безуспешно.
– Живеев со него. Беше златен човек, ех да го слушав … Беше направена матрица, само да повежбам дома, тука беше песната „Цел град плачеше за нас“, „Не ми даваат да те сакам“ … Доаѓам во Славија, се опијанувам и ги коцкам сите 33.000 евра. Наместо да одам дома да вежбам, повторно отидов во Виена. Шабан ми рече: „Немој“… – призна Ибро.