Почина хрватскиот актер Бранко Смиљаниќ, а тажната вест ја потврди и неговиот матичен театар, Загребскиот куклен театар.
– Почина по долго и тешко боледување. Во театарот беше активен до последниот ден – изјави Петра Мрдуљаш од Односи со јавност.
На социјалните мрежи од него се прости и актерот Синиша Ружиќ.
– Збогум Бранко – напиша тој.
Бранко е роден во Загреб во 1956 година. Глумеше во бројни хрватски серии, од кои некои се ‘Ljubav u zaleđu’, ‘Zabranjena ljubav’, ‘Ponos Ratkajevih’, ‘Bitange i princeze’, ‘Vatre Ivanjske’.
Беше член и на Куклен театар во Риека од 1978 до 1985 година. Во Загребскиот куклен театар е од 2003 година и играше во претставите ‘Odisej’, ‘Mala sirena’, ‘Neva Nevičica’, ‘Čarobna frula’.