Тројца учесници во сообраќајот се тешко повредени, а една жена почина во четири засебни сообраќајни несреќи што се случиле во последните 24 часа, информираа денеска од МВР.
На 24.10.2024 во 16.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат кон с.Горно Којнаре, кумановско, патничко возило „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.П.(21) од с.Горно Којнаре, удрило во С.Ѓ.(77) од с.Матејче, липковско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ѓ. констатирани во Општата болница Куманово, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починала. Со телесни повреди се здобила С.П. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 24.10.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Орде Тутески” во Прилеп, товарно возило „фолксваген крафтер” со скопски регистарски ознаки, управувано од П.А.(38) од Скопје, удрило во пешакот Љ.П.(64) од Прилеп. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.
На 24.10.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипед управуван од Р.У.(75) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 24.10.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Западен булевар“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.С.(41) од Кавадарци и мопед управуван од М.Ј.(34) од с.Манастирец, општина Росоман. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.