На 12.12.2024 околу 11.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека при извршување градежни работи на објект на ул.„Братство- Единство“ во Струмица, З.Б.(60) од село Вешала, тетовско, паднал и од здобиените повреди починал на местото на настанот.

Лекар од Медицински центар Струмица констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на СВР Струмица.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.