Вчера во Радовиш изнендано почина Тони Танчев кој беше дел од златната генерација на БК Бучим (Бучим Јака), односно во 1996 година ја освоија светската клупска титула во борење, а една година порано и европската.
Танчев беше репрезентативец на Македонија во борење, но и селектор на репрезентацијата до 23 години, а од пред неколку години го формира „Бучим Шампиони“ од Конче, Радовиш.
Тони Танчев во 2018 година настапи на на Светското првенство за ветерани во Скопје и имаше борба за бронзениот медал со Унгарецот Кароли Сипеки.
Тони Тачев е еден од најдобрите борачи на Радовиш и Македонија.
Бог да го прости. Вечна му слава. Вечен да е споменот за него.
Сочувство до семејството.
Погребот е денес на гробиштата во Радовиш. Од 14 до 15 часот ќе биде изложен во капелата, а погребот е во 15 часот. (ipon.mk)