На фејсбук страницата на Ансамблот Етнос осамна тажна вест.

Почитувани, со огромна тага и болка во нашите срца, Ве известуваме дека почина нашиот претседател, нашиот наставник и идол – Ване Наков.

Ансамблот Етнос загуби огромен човек, а сите оние кои се занимаваат со македонскиот фолклор, изгубија долгогодишен соработник од областа на изработка на стилизирани македонски носии.

Ване Наков е основоположник на фолклорниот ансамбл Етнос уште од 2004 година, каде активно работи уште од неговото основање. Токму благодарение на неговиот бесценет пристап кон богатиот македонски фолклор, тој придонесе ова непроценливо фолклорно богатство да биде негувано од многу членови на ансамблот Етнос.