За време на самитот на Групата седум (Г7), кој деновиве се одржува во Италија, беа забележани неколку интересни ситуации меѓу светските лидери.
На почетокот на самитот во центарот на вниманието беше американскиот претседател Џо Бајден, кој се однесуваше прилично чудно на средбата со европските партнери, а камерманите не ја пропуштија и вчерашната средба на италијанската премиерка Џорџија Мелони и францускиот претседател Емануел Макрон.
За време на еден прием, Макрон ѝ пришол на Мелона и ѝ ја бакнал раката, а судејќи по изразот на нејзиното лице, средбата со францускиот лидер воопшто не ѝ се допаднала на италијанската премиерка.
Видеото набрзо стана вирално на социјалните мрежи.
Italy's Giorgia Meloni can't hide her contempt for Macron 🤣
pic.twitter.com/Rk4bhBzJkO— Dr. Eli David (@DrEliDavid) June 14, 2024
Се верува дека причината за реакцијата на Мелони би можела да биде тоа што не постигнале консензус дали референцата за „легален и безбеден абортус“ треба да биде вклучена во завршната изјава на самитот. Макрон потоа рече дека е жално што се завршило на овој начин.
Самитот на Г7 се одржува од четврток до сабота во ексклузивното италијанско одморалиште меѓу Бари и Бриндизи. Централни теми на средбата биле војната во Украина, изборите за Европскиот парламент и војната во Газа.
На средбите покрај членките на Г7 (Италија, Франција, САД, Германија, Велика Британија, Канада и Јапонија), присуствуваа и претседателот на Турција Реџеп, Таип Ердоган и кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз Ал Сауд.