Канцеларијата на шерифот на округот Мартин објави видео од апсењето на Рајан Весли Рут.

Напаѓачот бил во грмушките покрај теренот за голф, кога агентите на Тајната служба, кои го проверувале теренот пред Трамп, ја забележале цевката од пушката.

Агентите пукале кон него, а тој ја фрлил автоматска пушка слична на АК-47, два ранци и други предмети и побегнал со црн автомобил во сопственост на неговата ќерка. Полицијата го запрела на автопатот и го привела.