Руски оклопен воен воз се појави на железничка линија во украинската област Херсон на посебна и неповрзана линија на околу 160 километри оддалеченост од местото каде што беше забележан оклопен воен воз кој се движи кон Мелитопол.
Си-Ен-Ен ја лоцира и ја потврди автентичноста на видеата. На видеата, кои беа објавени на социјалните мрежи во последните 24 часа, се гледаат вагоните и оклопните возови како се движат кон запад во центарот на Херсон.
Најмалку еден булдожер се гледа на видеата на вагон со рамно лежиште. Жител во Херсон потврди дека лично го видел возот. CNN не ги именува жителите поради загриженоста за нивната безбедност. Жителот изјави за Си-Ен-Ен дека видел голем број воени возила на возот.
Во вторникот, Си-Ен-Ен објави дека руски оклопен воен воз, кој превезувал најмалку едно воено возило, бил виден како се движи кон север на друга железничка пруга во југоисточна Украина во близина на Новолексиивка, Украина. Двата оклопни воени возови – оној во Новолексиивка и во Херсон – дојдоа од Крим, врз основа на снимките од очевидци, потврдени на CNN од социјалните мрежи.
Очигледната способност на Русија слободно да ги користи и движи оклопните возови низ делови од јужна Украина зборува за нивната неспорна контрола на областа јужно од реката Днепар во поширокиот регионот Херсон. Тоа, исто така, може да укаже дека тие ги зацврстуваат линиите за снабдување од базите во Крим, анектиран од Русија, и подлабоко во Русија, за нивните воени операции во јужна Украина.
Во северна Украина, рускиот воен напредок постојано е попречуван од украинските воени сили кои прекинаа голем број конвои за снабдување и логистика.
ТВ Звеза, прес-службата на руското Министерство за одбрана, во вторникот тврдеше дека оклопниот воз во Украина превезувал неруски странски државјани надвор од земјата и во Крим анектиран од Русија, соопшти ТАСС. Рускиот државен медиум „Русија-1“ во извештајот тврди дека странските државјани биле транспортирани од регионот Херсон во Армјанск, Крим.
Армјанск има директни железнички врски до Херсон, но на територија контролирана од Русите и таа линија не се вкрстува со единствената линија што оди до Новолексиивка.