Цената на нафтата скокна над 100 долари за првпат по повеќе од седум години, откако рускиот претседател Владимир Путин најави „воена операција“ во источна Украина, јави Би-Би-Си.
Информациите за ескалацијата, исто така, предизвикаа азиските берзи да тргуваат пониско за 2 до 3 проценти.
Пазарите трпат удари во последните неколку дена додека ескалираа тензиите – цените достигнаа 98 долари пред неколку дена кога Путин го раскина мировниот договор и распореди војници во два источни региони под контрола на бунтовниците.
Дописникот на Би-Би-Си од Азија вели дека инвеститорите бегаат кон она што го сметаат за безбеден имот.
Цените на златото се на највисоко ниво за повеќе од една година, додека американскиот долар и јапонскиот јен исто така зајакнуваат.