Почина Слободан Анастасовски, член на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ. Веста ја сподели Мане Јаковлески на Фејсбук.
– После долга борба со здравјето, не напушти нашиот другар и истомисленик, член на Претседателството на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, Слободан Мане Атанасовски. Име, ќе ни недостасуваш. Господе смести ја неговата душа меѓу праведниците и борците за самостојна Македонија. Бог да го прости. Амин!- напиша Јаковлески.
– Погребот на нашиот брат и истомисленик Слободан Мане Атанасовски ќе биде утре од 09-10 часот на гробиштата во Драчево, соопштија од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ.