Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан денеска изјави дека одговорот на Израел во Појасот Газа „ќе се памети во следните 50 години“ и додаде дека палестински „Хамас ќе зажали што ги извршил нападите“.

– Правилата на војната се сменија. Цената што ќе ја плати Појасот Газа ќе биде многу висока, што ќе ја промени реалноста за генерациите што доаѓаат – рече Галан за време на обиколката на градот Офаким на југот на Израел, кадешто борците на Хамас упаднаа во саботата и земаа Израелци како заложници.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги објавија имињата на уште 13 од 57 војници убиени во борбите со Хамас во јужен Израел.

Портпаролот на палестинското милитантно движење Хамас, Хазем Касем денеска изјави дека не може да се зборува за примирје додека, како што наведе, „Израел ја ескалира војната“.

Нетанјаху најави дека појасот Газа ќе биде срамнет со земја

Израелската војска, покрај чистење на теренот на југот на земјата, спроведува и евакуација на сите жители од израелските зони околу појасот Газа. Мисијата е замислена да трае 24 часа по што операцијата „Железни мечеви“ против милитантните на Хамас ќе влезе во втора фаза. Премиерот Бенјамин Нетанјаху го повика населението да ги напушти домовите околу појасот Газа, бидејќи, како што порача, областа наскоро ќе биде срамнета со земја. Портпаролот на израелската армија најави дека во областите се распоредени десетици илјади израелски војници кои ќе ослободуваат сектор по сектор. до елиминација на сите терористи на територијата на Израел.

По вчерашниот напад на Хамас, ракетирање на делови од израелската територија денеска изврши и шиитското проиранско движење Хезболах на што израелската армија одговори со воздушни удари врз цели на организацијата во јужен Либан. Кабинетот за безбедност на Израел, пак, претпладнево изгласа дека земјата и официјално е во воена состојба и дека може да извршува „значителни воени активности“.

Во големиот напад на Хамас врз Израел што започна вчераутро се убиени најмалку 400 луѓе, а над 2.000 се ранети. Палестинците, пак, објавија за над 310 убиени лица и над 2.000 повредени во израелскиот одговор врз појасот Газа. Многу луѓе се водат како исчезнати, а членови на семејствата прават се што е во нивна моќ да дознаат било што за каква вест за нивните најблиски.

По масовниот и изненадувачки напад на Хамас, премиерот Нетанјаху нареди мобилизација на дел од резервниот состав. Израел го прекина и снабдување со електрична енергија, како и на храна и производи на палестинска територија. Училиштата во појасот Газа се затворени, а Доктори без граници објавија дека во борбите е погодена и една болница во енклавата што резултирало со повеќе човечки животи.

Западот едносласно го осуди нападот на Хамас врз Израел, на прекин на насилствата повика и Папата Франциск, Палестинците побараа итен состанок на Арапската лига, а за денеска е закажан и итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата на Блискиот исток.