Повозрасно лице починало денеска во центарот на Скопје.

Настанот се случил неколку минути по 11 часот кај Триумфалната порта.

Неофицијално станува збор за маж кој има над 80 години, кому му се слошило по што паднал и починал.

Полициските екипи се на терен.