Полициски службеник кој служел во во одделот за финансиска полиција во Грција, бил повреден во својата канцеларија во Генералната полициска управа на Атика (ГАДА), кога случајно се застрелал.
Според првичните информации, инцидентот се случил кога полицаецот пукал од службеното оружје.
Тој веднаш бил пренесен со амбулантно возило, со сериозна повреда на абдоменот.
За време на транспортот, крварењето беше контролирано и се очекува да биде примен во операциона сала.
Тој наводно рекол дека не разбира како се случила несреќата.