Во интерес на јавноста, сакаме да ја известиме пошироката јавност во врска со продолжен серијал на избирање – подобни кадри кои се унапредуваат во МВР без да ги исполнат условите кои ги налагаат Законите и систематизацијата, информираат од Синдикатот на македонската полиција.
Во соопштението тие тврдат дека лице од тесна фамилијирана спрага – “внуката” М.К на актуелниот градоначалник на Општина Чучер Сандево, која и од пред некој ден е унапредена со решение на министерот, во командир на ПО Мирковци при Свр Скопје, и тоа во спротивност на законските прописи, без соодветно високо образование и работно искуство од само 5 години рабтен стаж.
-За новопоставената командирка се пријавени притисоци кои се вршат од нејзина страна кон полициските службеници за изнуда на парична средства а за кое и за одреден баран износ од 250 евра, и се доставени соодветни докази од (Скрин шот фоотографии) од испраќање на пораки преку социјални мрежи, со прикажано одредување и предупредувања од претпставената кон секој полицаец каде и колку треба да остави парични средства во папка за командирката. Ваквите кадри се срам и понижување за сите вработени во МВР, велат од Синдикатот и додаваат:
📌И З В Е С Т У В А Њ Е,
Со продолжениот серијал избирање само на подобни кадри од тесно партиска и фамилијарна линија…
Posted by СИНДИКАТ НА МАКЕДОНСКА ПОЛИЦИЈА on Monday, December 25, 2023
-Го приложуваме писменото известување за јавноста, со кое сакаме воедно и јавно да му укажеме на министерот за внатрешни работи на недоследностите,незаконските и непрофесионалните унапредување, со кои се продолжува праксата за партизирање раководни кадри а кои наместо истите да запрат создаваат уште поголемо незадоволство кај полициските службеници како вработени во МВР. Како и скрин шот фотографии од пораки со кои се потврдува вршење на притисоци и изнуда на парични средства преку испратени пораки на социјалната мрежа “Вибер” кон полициските службеници на кого им е претспоставена новата командирка, тврдат од Синдикатот.