Полиција им упаднала на свадба поради пиротехника и уапсиле едно лице, во хрватскиот град Сплит

Припадници на интервенциската полиција синоќа упаднале на свадба во Врањица, населба северно од Сплит. Тие упаднале затоа што било активирано пиротехничко средство, при што настала материјална штета.

Групата Еуфорија објавила снимка на која се гледаат припадниците на интервенциската полиција во салата каде се одржувала свадбата.

„На крајот се се реши, но младенците и гостите поради необмислениот и опасен потег на својот гостин го изгубија делот од својот ден. Затоа, предупредете ги вашите гости да забавата никогаш не стане опасност“, стои во описот на снимката.
Една личност е уапсена.