Неколку лица се убиени денеска во престрелка во ресторан во населбата Бајице во Цетиње, Црна Гора соопшти црногорската полиција.
Се уште нема официјална потврда за точниот број на жртви, но РТЦГ јавува дека убиени се седум лица, од кои две се малолетни.
Во крвавиот инцидент има и ранети. Во соопштението се наведува дека престрелката се случила во попладневните часови, кога А.М застрелал и убил неколку лица, а потоа побегнал, јавуваат црногорските медиуми. По убиството во Цетиње, осомничениот ги убил и децата на газдата.
РТЦГ пишува дека осомничениот се вика Ацо Мартиновиќ и дека претходно бил во конфликт со Д.К., кого го сретнал во кафана. Мартиновиќ потоа отишол дома да го земе пиштолот, се вратил во таверната, каде убил и ранил неколку лица. После тоа отишол во Хумци, каде ги убил децата на кафанаџијата и една жена.
Според нивните сознанија, Мартиновиќ не е поврзан со ниту една организирана криминална група, но од порано бил препознаен како лице со афективно однесување и бил уапсен за недозволено поседување оружје.
Полицијата го опколи убиецот
Полицијата го лоцирала и опколила Ацо Мартиновиќ во комплексот Горен Обод – неофицијално дознава Радио Цетиње.
Според изворот, тој се заклучил во една од салите. Неговиот автомобил бил претходно пронајден.
Полицијата ја опколи зградата.
ОБНОВЕНО: Мартиновиќ не е пронајден во салата
Сведокот до Управата на полицијата дал информација дека наводно го видел Мартиновиќ во месноста поранешен Обод.
По увидот во салата, Мартиновиќ не е пронајден, велат најновите информации.