Таткото (38) починал, а неговиот 4-годишен син е хоспитализиран откако паднале од тераса на шести кат во зграда во Италија.
Инцидентот се случил вчера околу 15 часот во Палермо во станот во кој живееле таткото, инаку универзитетски професор и неговиот мал син.
Професорот починал кратко по пристигнувањето во болница, додека момчето е на интензивна нега.
Момчето е свесно и наводно цело време во болница го барал тато, пренесуваат италијанските медиуми. Неговата мајка починала пред една година.
Момчето има скршена рака и рани на градниот кош и стомакот и е во болница под опсервација.
Полицијата истражува како дошло до несреќата, а Ria news пишува дека не исклучува и самоубиство.
Имено, некои соседи рекле дека таткото се обидел да го спаси синот кој бил наведнат преку балконот и така и двајцата паднале.
Меѓутоа, други велат дека таткото и синот се држеле за рака.
Медиумите јавуваат дека професорот наводно бил под притисок за старателство над синот по смртта на сопругата.
Полицијата продолжува да го истражува случајот.