Едно лице загина, а неколкумина се повредени откако завчера автомобил удрил во единица за полнење гориво на бензинската пумпа „Петрол“ кај одморалиштето „Мосор Југ“ на автопатот А1 кај Трнбус, место во внатрешноста на Омиш во Хрватска, пишува Слободна Далмација.
Тројца повредени, една жена и двајца мажи се пренесени во Клиничкиот болнички центар во Сплит, а за нивната состојба хрватските медиуми објавуваат нови инормации.
За жал, човекот кој е во најтешка состојба се уште се бори за живот на Одделот за интензивна нега, а неговиот идентитет се уште не е познат. Засега се знае само дека тој е хрватски државјанин и дека бил во автомобилот во кој прво било удрено.
– Чекаме некој од семејството да не контактира, бидејќи по несреќата кај пациентот не се најдени документи – велат од КБЦ.
Идентитетот на вториот тешко повреден маж е познат на болничкиот персонал. Станува збор за осиекчанец (43) кој се здобил со тешки телесни повреди во невидената несреќа.
– Сместен е на Хирургија, но неговата состојба е стабилна – дознаваме од болницата.
Жената најдобро помина. Дознаваме дека станува збор за М.Д.(37), најверојатно со белгиско или француско државјанство, која само со полесна повреда на рацете се здобила, а тоа е затоа што за време на трагедијата во просторот за одмор гледала низ прозорецот. По укажаната лекарска помош била пуштена на домашна нега.
Идентитетот на починатиот маж се уште не е познат, просторот за одмор и бензинската пумпа се уште се затворени, бидејќи истрагата е во тек. Во несреќата целосно изгореле три возила, а се делумно се опожарени.
Полицијата преку изјава на очевидец утврдила дека „засега непознатиот возач, кој е смртно повреден, со лично возило со шведски национални таблички свртел во терминалот на бензинската пумпа и удрил во друго лично возило, а потоа поради силата од ударот, возилото се одбило и удрило во дозерот за гориво“, велат од полицијата.