Жена чие тело беше пронајдено фрлено во нива на оддалечена фарма во Ирска, била претепана до смрт, потврди полицијата. Полицијата го пронашла телото на Мирјана Пап (58) во понеделникот, приближно 48 часа откако исчезнала од Атлон.

Пап е родена во Хрватска, но живеела во Ирска од нејзините 30-ти, пишува Irish Times. Полицијата верува дека таа била загрижена за својата безбедност пред нејзината смрт и зворувала дека се плаши од маж што го познава.

Пап беше пријавена како исчезната од нејзиниот дом во Атлон, округот Вестмит, во саботата, а нејзините останки беа пронајдени во понеделникот на околу 10 километри во поле во Курагалин, округот Роскомон.

Полицијата се уште не уапсила никого во врска со убиството, но локалните медиуми јавуваат дека лице кое ја познавало жртвата е во затвор поради инцидент кој не е поврзан со убиството.

Полицијата трага по сребрено пежо 207

Полицијата бара помош од јавноста при обидот за следење на движењата на сребрено „пежо 207“ со регистарски број 08-Г, што е дел од истрагата. Тие се особено заинтересирани за движењата на тој автомобил во сабота од 11 часот до пладне, кога Пап беше пријавена за исчезната.

Полицијата соопшти дека верува дека автомобилот патувал од Бичвил во Атлон на N6 кон запад од раскрсницата 11 до раскрсницата 13 пред да продолжи на R362 од Монкленд кон Беалнамула. Секој возач кој патувал по патот помеѓу 11 и 12 часот во саботата, особено оние кои можеби имаат снимки од камера, е побарано да контактираат со полицијата.

Полицијата, исто така, апелира секој кој има информации за Пап кои би можеле да помогнат во истрагата да се соопштат.