Во полициска потера и пукање што се случи рано утринава во близина на деловен центар во Софија, полицаец застрелал 18-годишен млад човек, кој подоцна починал во болница.

Како што пренесува Новините, утринава околу 5 часот и 15 минути, обезбедување во деловниот центар пријавило во полиција дека три маскирани лица ја прескокнуваат оградата на зградата, носејќи торби.

На местото на настанот се испратени полициски екипи кои пеш ги бркале двајца престапници, додека третиот влегол во автобус на градскиот превоз.

При долгата потера, еден од полицајците испукал и ранил еден од бегалците – 18-годишен млад човек, кој веднаш бил префрлен во болница.

15-годишникот кој се обидел да побегне со автобусот е приведен.