Нермин Сулејмановиќ, убиецот од Градачац, проговори во живо на Инстаграм по грозоморните убиства кои ги изврши денеска. Откако го заврши своето обраќање во живо на Инстаграм, објави две фотографии.

На едната фотографија тој е со бебето, додека на другата е бебето и неговата сопруга. Неговата порака ја пренесува изворно на босански јазик.

– Samo sam htio porodicu, a ku*ve su krenule da raz*bu – napisao je Sulejmanović, напиша Сулејмановиќ.

– Ги убив таткото и синот. Господ знае како налетаа на мене. Убив жена и двајца душмани. Се надевам дека го убив и полицаецот. Бебето е живо – вели тој во видеото.

Со ова се потврдува пишувањето на „Аваз“ дека убил три лица.

-Интензивно се трага по лицето. За настанот бил информиран кантоналниот обвинител. Полициски службеници се на лице место и ги преземаат потребните мерки и дејствија. Екипите на Полициската единица за специјална поддршка се испратени на терен – соопштија претходно од Управата на полицијата, Секторот за односи со јавноста.