Големо внимание попладнево во српските и воопшто балканските медиуми добива веста дека познатиот српски јутјубер и инфлуенсер Даниел Ѓукиќ Дулувра јавно се заканува дека ќе изврши самоубиство.

Тој сега се огласи на својот профил на Инстаграм, каде што објави содржина за која навистина никој не знае што значи. На една од објавите на зелената површина се гледа полуголо женско тело во високи потпетици и многу провокативна комбинација на облека.

– Mala, nemoj da brineš, stižu žace, стои коментар од страната на фотографијата.

Да потсетиме, се започнало утрото кога на повик на неговата мајка полицијата дошла пред неговата зграда бидејќи жената пријавила дека нејзиниот син се заканува дека ќе се убие себеси и секој што ќе му пријде.

Наводно снимал се што се случува, а снимал и како полицијата му тропа на врата. Притоа им дофрла на присутните пожарникари од терасата, пее и им вели „што стоите тука кога нема ниту оган, ниту пожар“.

Улицата Цар Душан во Нови Сад е затворена веќе неколку часа, а Ѓукиќ се уште се заканува дека ќе скокне од терасата. Засега не се познати мотивите поради кои се одлучил на овој чекор.