Аца Пејовиќ вечерва имаше концерт во Охрид. На уште незапочнат концерт, публиката пееше наместо него. Но, кога тој ја запеа „За Љиљана“, и официјално го отвори настапoт пред многубројната публика, објави порталот Репортер.мк.

Дека во публиката беа нестрпливи што побрзо Аца да се појави на сцената, следуваше „Ууууу“ како провокација да почне побрзо да пее, и тоа се ова се случуваше додека Ивона Јо и бендот се пакуваа од сцената.

„Ве љубам, ајде да правиме журка“, рече Пејовиќ. Во публиката се слушаа коментари дека српската легенда е како дома, бидејќи во Македонија го има во секое годишно време барем по еднаш.

Од душа ја отпеа „Да си ту бар ночи ове“ па и рече на публиката: „Браво, секоја чест, прекрасни сте“. Следеше „Све ти дајем, све је твоје“, па ја разнежи публиката до неговата ултра популарна балада, „Конобар не жури“.

Публиката беше воодушевена од него, но и тој од присутните фанови. Тие кои не купија карта на време, најдоа начин да го следат концертот од надвор, зад оградата. Имаше обиди и да се прескокнат решетките, но, обезбедувањето беше побрзо во реакцијата од момчето кое сакаше да влезе.

„Знам дека ја сакате оваа“, рече Пејовиќ и ја запеа: „Поноч је“ по што следеше и колективен транс.

На репертоарот беа и старите хитови, омилени на повозрасната публика. Аплаузи и овации од сите што беа на Охридскиот стадион. Под сините рефлектори, Пејовиќ праша: „Еднаш се живее зар не?“, па згрме со истоимената песна. И со овој концерт, Пејовиќ покажа дека не и здосадува на македонската публика, како и дека секогаш е добредојден.