Во втората полуфинална која се одвива вечерва, фанови на оваа манифестација од Македонија се пожалија дека и повеќекратни обиди не можеле да гласаат преку апликацијата од нивните паметни телефони.

Засега не е познато поради што се појавила оваа пречка, по јавувањето на возвратната порака дека локацијата не овозможува гласање.

Во првата полуфинална вечер на Евровизија во вторникот 18-ти мај беа познати првите десет финалисти.

Вечерва во финале се пласираа и: Албанија, Србија, Бугарија, Молдавија, Португалија, Исланд, Сан Марино, Швајцарија, Грција, Финска.