Под итно да се врати во мода срамот и срамежливоста! Бесрамни сме. Елементарно чувство на срам да се немало. Каде што не постои срам, царува глупоста или во духот на Фројд отсуство на срам е присуство на глупавост. И ,,сѐ е релативно освен човечката глупавост – таа е апсолутна” – Ајнштајн.

Бесрамниците немаат ограничувања. Впрочем, мразат ограничувања, норми, правила, конвенционално однесување и сѐ што е пречка во нивното ,,слободоумие” со дух и тело. Омилена парола им е ,,без влакно на јазик”!

Со долгиот, бесрамен и отровен јазик убиваат, умислени дека се искрени и може сѐ да ти кажат во очи. Замислете во ист момент сите сѐ да си кажеме во очи! Апокалипса тотална. Не е тоа искренот. Тоа е невоспитаност. Бесрамност. Секој може да се соблече гол и да биде атракција со скандали. Но не може секој, ,,закопчан до грло”, без морални ерозии и скандали да биде професинално реализиран и популарен. Скромноста и срамежливоста под итно да се вратат! Епидемијата на нарцизам станува мода, животен стил и мејнстрим.

Младите се тренираат да бидат самобендисани, болно амбициозни и бескруполозни во трката за успех, која се мери во материјало богатство. Колку понечесно стекнато – толку си поуспешен од будалите кои работат за џабе.

Бесрамници низаедни!

(ФБ статус на професорката Татјана Алексиќ)