СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

Иселениците предвреме ги прекинуваат одморите во Македонија и се враќаат на запад

Во моментов голем број наши иселеници се наоѓаат на годишен одмор во Македонија, а многумина од нив по две години пауза за првпат си дојдоа дома поради ситуацијата со вирусот. Но се чини некои од нив нема да го искористат во целост откако се решаваат предвреме да го прекинати да се вратат во западно европските држави.

А за ова има неколку причини, а првата пристигна пред некој ден од Словенија.

Имено Словенечката влада објави дека од 23 август, патниците во транзит, за влез во земјата ќе треба да покажат доказ дека се вакцинирани против коронавирусот, дека ја прележале болеста или да имаат негативен тест.

„Од 23 август, транзитот низ Словенија веќе нема да биде возможен без исполнување на условите“, објави владата.

Токму низ оваа земја транзитираа многу наши иселеници кои живеат во Италија, Австрија, Германија и други европски држави.

Дополнително влијаеше и најавата на Министерот, Венко Филипче кој во понеделникот најави дека ќе се воведуваат нови мерки за влез и излез од државата.

Поради ова, пред се од источна Македонија, многумина наши иселеници веќе решија да го прекинат одморот и да тргнат да се вратат кон запад.

Сепак Филипче во понеделникот објасни дека сето ова нема да биде веднаш.

– Ни утре, ни задутре нема да почнат новите мерки за влез и излез од државата. Ќе дадеме разумен рок – дали тоа ќе биде една недела или десетина дена. Имаме предвид дека многу од нашите граѓани се на одмор, а други допрва треба да одат. Не сакаме да им предизвикаме дополнителен финансиски тро шок, рече во понеделнилот министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој објасни дека и странските државјани и нашите, ќе треба да приложат ПЦР тест не постар од 72 часа, сертификат дека ја прележале бол еста стар 45 дена или потврда дека се вакцинирани. Притоа, за децата нема да важи задолжителен ПЦР тест.

ОД 1 СЕПТЕМВРИ: Еве што Ви е потребно за влез или излез од Македонија- доколку немате, одите во карантин

Од 1 септември 2021 година домашни и странски државјани ќе можат да влезат на територијата на Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19, сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Македонија.

-За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата после 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан КОВИД – 19, ќе се одреди мерка карантин од 7 (седум) дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, се посочува во соопштението од вчерашната владина седница.

Странските државјани кои транзитираат низ земјата, како што се наведува, ќе можат да го направат тоа во рок од 5 часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата.