Фудбалерот Немања Гудељ направи големо изненадување за семејството Ражнатовиќ.

Цеца Ражнатовиќ изјави дека од подарокот што им го дал нејзиниот иден зет Немања Гудељ, и се насолзиле очите, а сега е откриено за каков подарок се работи.

Имено, на социјалните мрежи се појави слика која Немања Гудељ и ја подари на Анастасија Ражнатовиќ за роденден, а се работи за портрет со нејзиниот татко Жељко Ражнатовиќ Аркан.

View this post on Instagram

A post shared by style&art 🎨🖌 (@dajanastyle)

– Немања синоќа направи еден гест, ми предизвика солзи во очите, емотивна реакција, но нема да зборувам за тоа. Отсекогаш сум ги почитувала џентлмените и имав среќа да се омажам за џентлмен, а и опкружена сум со џентлмени околу мене – изјавила Цеца синоќа на роденденот на Анастасија.