Тажна вест пристигна од светот на спортот, поточно фудбалот. Имено, во Дубаи трагично загина поранешниот српски фудбалер Александар Галиќ (49). Оваа вест на социјалните мрежи ја потврди и фудбалскиот клуб Борчa од Бања Лука кој непријатно ја изненади јавноста во поширокиот регион.
Галиќ е роден во Белград на 11 мај 1976 година. Поминал низ фудбалската школа на Партизан, а настапувал и за „подружницата“ на Партизан, Телеоптик. Во Бор;a дојде во 2005 година и со тој тим избори пласман во Премиер лигата на Босна и Херцеговина.
– Тој веќе на првите натпревари во дресот на Борча стана еден од милениците на публиката во Бања Лука, која ја ’купи’ со своите потези. Таа сезона со ФК Бор;a ја освои титулата во Првата лига на Република Србија, се наведува во соопштението на Борча.
Галиќ по фудбалската кариера работеше во Дубаи како фудбалски тренер, а деталите за неговата смрт се уште не се целосно разјаснети.