Некогашниот играч на Партизан, Реал и уште неколку познати европски клубови Ратко Варда е приведен поради поради семејно насилство.

Според иинформациите од српската полиција, на 20 ноември тој ја нападнал својаѕта сопруга над која извршил физички и психички насилство. По една вечер во притвор, Варда бил пуштен на слобода, но му била изречена забрана за приоѓање до својата сопруга.

Варда во 90. години од минатиот век беше еден од најталентираните и најперспективни српски кошаркари. Излезе од школата на Партизан каде играше до 2001 година, потоа замина во Детроит Пистонс, но по само една сезона се врати во Европа и се пресели во Унион Олимпија. Во 2006 година стана член на Реал Мадрид каде исто така не успеа да го потврди својот потенцијал по што една деценија буквално живуркаше на кошаркарската сцена.

Во 2015 година дојде во Македонија и стана член на Кожув, а во период доби и македонско државјанство по што стана член на нашата репрезентација кога селектор беше Драган Раца. Не играше официјални натпревари, туку само ревијални и пријателски, како турнејата во Кина по што стана јасно дека не може да заигра за Македонија бидејќи претходно беше член на босанската репрезентација.