Соња Вуксановиќ, поранешната сопруга на фолк пејачот Аца Лукас, долго време не е експонирана во јавноста. Сега таа го прослави својот 47-ми роденден и јавно сподели моменти од својот дом со следбениците на Инстаграм.
Имено, Соња објави сет фотографии на кои позира во претесен и прекраток црн фустан кој ги истакнува нејзините извајани нозе и ги истакнува нејзините облини.
Многумина останаа без зборови колку добро изгледа Соња во петтата деценија, додека на мажите им паднаа вилиците, а за беспрекорниот изглед на Соња имаше вакви коментари:
„Како милион долари“, „Не може секој да носи ваков фустан“, „Се најдобро“, „Соња е бомба“, „Изгледа како девојче“, „Таа е брутална“, „Каква фатална жена“…
За потсетување, Аца Лукас и Соња Вуксановиќ се разведоа во септември 2019-та година, а поранешната двојка од заедничката љубов ја има ќерката Викторија.