Учесничката на реалити програмата „The Real World“, Сара Бекер си го одзеде животот на 52-годишна возраст, пренесува TMZ.

Тажната вест ја потврди нејзиното семејство на 23 јуни, кое исто така истакна дека Бекер се борела со психички проблеми.

Според извештаите, Сара починала во својот дом во Илиноис.

Таа беше учесник во петтата сезона на реалити серијата на MTV, кога имаше 25 години.

„The Real World“ е познат формат во светот, снимен е во дури 33 сезони, а се емитува од 1992 година.