Португалија дојде до водство на мечот против Македонија во плеј офот за пласман на Мундијалот во Катар. Кристијано Роналдо асистираше до неговиот клупски соиграч од Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, кој го совлада нашиот голман Столе Димитриевски.

На погодокот на Португалија претходеше едно непромислено додавање на нашиот капитен Стефан Ристовски. Откако Португалците ја пресекоа топката, Роналдо асистираше до Фернандеш, кој смирено погоди за 1:0.

Претходно, Португалија имаше две изгледни шанси преку Кристијано Роналдо и посебно онаа на Диого Жота, кога имавме среќа и нашата мрежа остана недопрена. За жал, таква среќа немавме во 32-та минута.

Македонија се закани единствено преку Алиоски, кој упати два удари кон португалскиот гол.

Погодокот на Бруно Фернандеш можете да го погледнете ТУКА.