Владата подготвува документ за зголемување на акцизата за половните возила кои што се увезуваат во земјата.
Во документот кој го доби Телма, се вели дека по сеопфатните дискусии за измена и дополнување на уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и износите потребни за пресметка на данокот согласно новата метода, која произлегува од проектот со Светската банка за унапредување на оданочувањето на моторните возила, финансии заедно со Царинската управа подготвиле два предлози, од кои во едниот се вметнати и сугестиите на дел од бизнис заедницата.
Состанок министерот за финансии за финални консултации е закажан за понеделник, на кој коморите се повикани да испратат по еден свој претставник во Министерството за финансии.
Исто така, предлог уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила ќе биде ставена на дневен ред на владината седница која треба да се одржи во вторник.