На денешен ден пред 25 години беше убиен Жељко Ражнатовиќ Аркан. Неговото семејство како и секоја година го посети неговиот вечен дом, а денеска на 25-годишнината од неговата смрт дојдоа многу пријатели на покојниот Аркан, меѓу кои и Лука Бојовиќ.

Тој пристигна малку пред семејството Ражнатовиќ и цело време се трудеше да биде незабележлив. Српските медиуми кои беше на местото на настанот го сликааа Бојовиќ како стои во последниот ред на поменот.

Со капа на главата и црна јакна, Лука застана и присуствуваше на годишнината.

Да потсетиме, Жељко Ражнатовиќ Аркан (48) беше ментор и голем пријател на Лука Бојовиќ.

На 15 јануари Аркан беше убиен во хотелот „Интерконтинентал“ со неговите пријатели Миленко Мандиќ Манда и Драган Гавриќ. Шест години подоцна, Добросав Гавриќ беше осуден на 35 години затвор за ова дело (Србија бара негова екстрадиција од Јужна Африка), а Милан Ѓуричиќ Мики (убиен во Јужна Африка во 2018 година) и Драган Николиќ Гаги (се уште во затвор во Србија) беа осудени на 30 години затвор.