Групата вооружени лица го напуштила манастирот Бањска, соопштија од Рашко-призренската епархија на СПЦ. Вооружените лица, според соопштението на епаријата, кои упаднаа претходно денеска во манастирот, го напуштиле и сега во дворот и пред капијата на манастирот е распоредена косовска полиција.
Велат дека таму сега ситуацијата е мирна, иако сѐ уште владее неизвесност и загриженост меѓу монасите и затекнатите 50-на верници од Нови Сад.
РАШКО-ПРИЗРЕНСКАТА ЕПАРХИЈА ЈА ИЗВЕСТУВА ЈАВНОСТА ДЕКА СИТУАЦИЈAТА ВО МАНАСТИРОТ БАЊСКА ВО МОМЕНТОВ Е МИРНА, ИАКО СЀ УШТЕ СЕ ЧУВСТВУВА СТРАВ ПОРАДИ ДЕНЕШНИТЕ СЛУЧУВАЊА, КАКО ВО ОКОЛИНАТА, ТАКА И ВО САМИОТ ДВОР НА МАНАДИТОРТ, СЕ НАВЕДУВА ВО СООПШТЕНИЕТО.
Освен косовската полиција, во дворот на манастирот се и припадници на ЕУЛЕКС заедно со шефот на мисијата Џовани Пјетро Барбано.
Од епархијата додаваат дека засега во конакот на манастирот ќе останат и верниците, кои во текот на утрешниот ден ќе даваат искази на косовската полиција во врска со денешните настани.
ОД УПРАВАТА НА МАНАСТИРОТ ЈАВУВААТ ДЕКА ЗА СЕГА СИТЕ СЕ ДОБРО, РЕДОВНО СЕ ВРШАТ БОГОСЛУЖБИТЕ ВО КАПЕЛАТА НА КОНАКОТ, СО НАДЕЖ ДЕКА ОВАА ДРАМА ШТО ПОБРЗО ЗАВРШИ, СЕ ВЕЛИ ВО СООПШТЕНИЕТО НА РАШКО-ПРИЗРЕНСКАТА ЕПАРХИЈА.