Српскиот фудбалер Драгиша Гудељ втор пат оваа година колабрирал на терен и итно е префрлен во болница. Тој на мечот меѓу Мелила и Кордоба во Третата шпанска лига паднал на теренот во 28.минута од мечот.

Натпреварот бил прекинат, а Гудељ префрлен во болница каде што се чувствува добро.
„Во болница е на прегледи. Се чувствува добро. Наскоро ќе знаеме повеќе“, соопштија од Кордоба.

Во март оваа година Гудељ остана жив, а одлучи да ја продолжи кариерата.