Дали парламентарното мнозинство ги има потребните 61 глас за разрешување и назначување министри? На 28 јануари, техничката влада се изгласа со 65 пратеника, но сега нештата се сменети. По несогласувањата во АА, пратениците од оваа партија, Халил Снопче и Абдула Салиу излегоа во поддршка на Таравари. Значи бројот на мнозинството паѓа на 63. Освен овие два пратеника, не се знае дали разрешувањето на министрите ќе го гласа пратеникот на ЕДП, Бастри Бајрами, на ДПА, Мендух Тачи и независниот пратеник, Хисни Исмаили.
Пратеникот на ЕДП, Басри Бајрами на прашање од ТВ21 рече дека за тоа ќе одлучи партијата.
-Прашање е кое има врска со политичка одлука за што ќе одлучат органите на ЕДП, согласно таа одлука ќе биде и мојот глас-рече Басри Бајрами.
Сличен одговор ни даде и претседателот на ЕДП, Арјанит Хоџа.
-Вечерва ќе имаме консултации со Управниот одбор и ќе донесеме одлука-изјави Хоџа.
И двата одговори оставаат простор да се помисли дека пратеникот Бајрами најверојатно нема да гласа за разрешување на министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу. ТВ21 од свои извори дознава дека ЕДП е незадоволна од ДУИ на власт, бидејќи досега не го презела раководството на Клиниката за стоматологија, две други управи, а не е спроведено ниту вработувањето на активистите на ЕДП.
Од друга страна пак, независниот пратеник, Хисни Исмаили, рече дека сѐ уште не одлучил дали ќе гласа „за“ разрешувањето на двајцата министри. Не ни откри што го тера да се двоуми.
-Не знам, немам одлучено сѐ уште-рече Исмаили.
ТВ21 контактираше и со пратеникот, Мендух Тачи и тој одговори дека нема да дојде во Собранието и да гласа.
Инаку, ТВ21 веќе дозна дека утре во Собранието нема да присуствува ниту пратеникот Скендер Реџепи-Зејди.